Гевгеличани традиционално Новата 2024 година ќе ја дочекаат на Градскиот плоштад. Трета година по ред Општината го организира новогодишниот дочек со богата културно-забавна програма.
Градоначалникот Андон Сарамандов, најавувајќи го дочекот на Новата година, ги покани гевгеличани на заедничкото прославување.
-Гевгелија заслужува да биде урбано место со богата музичка и други културни содржини преку целата година. Водејќи се од тоа дека традицијата треба да се негува, граѓаните повторно ќе имаат можност заеднички да ја дочекаат Новата 2024 година на Градскиот плоштад во Гевгелија, објавија од Општината пренесувајќи ја изјавата на Сарамандов.
Годинава за забавата за највеселата ноќ во гoдината се задолжени Оливера Станковска, „Лајф бенд“ и триото „Хитс“, а исто така ќе настапи и КУД „Танец“ од Миравци, како и популарниот Дејан Малзарков со stand up комедија-Diverzija.
Гостин на новогодишната вечер ќе биде познатиот македонски пејач Ристо Самарџиев со пријателите, кој ќе ги забавува гевгеличани со својот познат репертоар.
Водител на програмата, која започнува во 20:00 часот на 31 декември, е Никола Опров.