Фудбалската федерација на Русија (РФУ) денеска едногласно се изјасни против преселба од Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) во Азиската федерација, јавија руските медиуми.
Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) и УЕФА во февруари лани ги суспендираа руските екипи на национално и клупско ниво од учество во нивните натпреварувања поради инвазијата врз Украина.
Како реакција на одлуката, челникот на РФУ Алекандар Џуков на крајот од минатата година изјави оти Русија размислува да ја напушти УЕФА и да се приклучи на Азиската фудбалска конфедерација (АФЦ).
„Расправавме за прашањето околу преселба во АФЦ. Едногласно гласавме против бидејќи нема гаранции од ФИФА“, изјави членот на Управниот одбор на РФУ, Михаил Гершкович, цитиран од агенцијата РИА.
„Одлучивме да ги продолжиме контактите со УЕФА, особено поради тоа што немаме напредок. Да видиме како ќе развива ситуацијата идната година“, додаде Гершкович