Поранешниот аргентински фудбалски репрезентативец Езекиел Лавеци е хоспитализиран во болница во Уругвај поради убодни рани, како и фрактура на клучната коска.

Според денешните информации од неколку уругвајски изври, 38-годишниот Лавеци бил избоден повеќе пати со нож во пределот на стомакот од роднина за време на семејна прослава.

Семејството на Лавеци објави спротивни информации, наведувајќи дека поранешниот фудбалер се повредил при несреќен случај.

Лавеци во кариерата одигра 51 натпревари во аргентинскиот дрес, а остави длабока трага во европскиот фудбал, настапувајќи за Наполи и ПСЖ. За италијанскиот клуб одигра 156 првенствени натпревари и постигна 38 голови, додека во дресот на францускиот тим постигна 22 голови на 108 натпревари.

Кариерата ја заврши во 2019 година во дресот на кинескиот клуб Хебеј Фортуна.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/12/2023 03:56