Баер синоќа го совлада Бохум со 4:0 во 16. коло од Бундеслигата.

Тимот Леверкузен ја продолжи серијата без пораз од почетокот на сезоната во сите натпреварувања. На 25 натпревари оствари 22 победи и три пати одигра нерешени. Ова е рекорд за германските клубови.

На крајот од есенскиот дел од сезоната Баер Леверкузен е лидер во Бундеслигата со четири бода предност од второпласираниот Баерн Минхен кој има натпревар помалку.

Следниот натпревар во Германското фудбалско првенство за „Фармацевтите“ ќе биде на 13 јануари 2024 година, на гостински терен против Аугсбург



Автор: Администратор
Објавено на: 21/12/2023 19:59