Владата на ДУИ и СДС ги претвори училиштата во социјални служби!

Наместо да се бават со својата основна дејност, воспитување и образование на ученици, тие денес се бават со социјална работа.

Ова е уште еден од катастрофалните ефекти на оваа Влада која со т.н. помош всушност поткуп на граѓаните, предизборен поткуп на граѓаните, својата обврска ја додели на училиштата.

Имено со последниот допис од министерството за образование и наука, Владата ги задолжи училиштата да собираат бројни документи за социјалната помош на учениците кои се во социјален ризик наместо да си ја извршуваат својата основна работа. Тие прибираат имиња, презимиња, матични броеви, банкарски сметки, потврди за висина на плата и бројни други, наместо да заведуваат оценки, да доиспрашуваат, да пишуваат извештаи за дополнителна работа, за вон наставни активности и се друго што спаѓа во нивниот делокруг.

Затоа, бидејќи ова се случува на штета на образованието, апелираме веднаш во овој момент министерството за образование и наука да си ја преземе обврската и да си ја спроведе процедурата. Уште пострашно затоа што од ден на ден ги менува документите кои семејствата треба да ги достават и училиштата доколку и направиле некаков ред сега се наоѓаат во безредие.

Покрај тоа Владата на ДУИ и СДС праќа три пораки на населението за кои ние постојано веќе со години зборуваме.

Првата порака е дека не престанува и постојано го врши предизборниот поткуп на населението.

Втората порака е дека ги потценува родителите на учениците со доделување на 1.200 денари помош од месец декември до денот на изборите. Средства со кои родителите не можат да ја платат ни училишната ужинка на децата.

Трето и најважно, тие сами кажаа дека оваа т.н. помош односно предизборен поткуп ќе ги примат 100.0000 ученици, што е речиси половина од вкупниот број на ученици што значи дека 100.000 семејства, соученици припаѓаат на групата сиромашни или семејства во социјален ризик.

Но, ова нема уште долго да трае, ова ќе се промени. Новата Влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе покаже вистинска грижа за наслението, со фокус на образованието и економијата, но и со барање на одговорност на оние кои направија огромна штета како на Македонија така и на нејзините граѓани.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/12/2023 20:26