– Граѓаните на Општина Охрид од денеска можат своите сметки кај општинските јавни претпријатија да ги плаќаат од едно место преку платформата „Е-Даноци“ (edanoci.ohrid.gov.mk), информира градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков.

-Дигитализација на услугите на Општина Охрид и јавните прептијатија е наша цел кон која работиме и се стремиме. До сега на оваа платформа беше возможно да се плаќа само данокот на имот. Продолжуваме со работа во насока на целосна дигитализација на услугите, додава Пецаков.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/12/2023 23:14