Тренерот на Баер, Чаби Алонсо го сподели своето мислење за обезбеденото лидерското место на неговиот тим во зимската пауза.

Баер Леверкузен синоќа го совлада Бохум со 4:0 и се зацврсти на врвот во бундеслигашкиот поредок.

- Играчите покажаа силен менталитет. Сега тимот оди на заслужен одмор. Планиравме да имаме добар прв дел од сезоната. Ние сме во добра позиција и уживаме. Но, ние сакаме да продолжиме во истиот дух, изјави Алонсо за официјалниот сајт на германската Бундеслига.

Баер по 16 кола има четири бода предност пред второпласираниот Баерн кој има натпревар помалку.

Следниот натпревар за избраниците на Алонсо ќе биде гостувањето кај Аугсбург на 13 јануари во 2024 година



Автор: Администратор
Објавено на: 22/12/2023 06:30