– Челникот на проектот европска фудбалска Суперлига, Бернд Рајнхарт, е уверен дека ќе најде 64 клубови кои ќе се пријават за ова натпреварување, иако многу големи екипи веќе најавија дека нема да учествуваат.

Првичната идеја која беше претставена во 2021 година, а Суперлигата требаше да ја сочинуваат 12 најмоќни европски клубови, беше спречена со брза реакција на УЕФА. Меѓутоа, Европскиот суд на правдата вчера пресуди во корист на Суперлигата, спречувајќи ја УЕФА во обидот да го блокира формирање на новото натпреварување кое е замислено да биде ривал на Лигата на шампиони и другите европски клупски натпреварувања.

Агенцијата А22 Спорт, која стои зад иницијативата за Суперлига и сè уште има поддршка од Реал Мадрид и Барселона, вчера објави нов план според кој натпреварувањето би го сочинувале три лиги со по 12 екипи и не било од затворен тип и резервирано само за најбогатите клубови во Европа.

„Уверени сме дека лесно ќе пронајдеме 64 екипи“, изјави извршниот директор на А22 Спорт, Бернд Рајнхарт за агенцијата ДПА.

„Сакаме да продолжиме да го развива, е проектот, сега клубовите конечно можат да го сторат тоа отворено и без страв од санкции. Тие можат да ни помогнат да изнајдеме начин повторно да го направиме фудбалот голем во Европа“, додаде Рајнхарт.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/12/2023 01:51