Победниците на африканската Лига на шампиони, фудбалерите на египетски Ал Ахли, го освоија третото место на Светското клупско првенство кое денеска ќе финишира во Саудиска Арабија.
Во натпреварот за третото место Ал Ахли вечерва ја совлада јапонска Урава со 4-2 (2-1).
Стрелци на головите за Ал Ахли беа Јасер Ибрахим (19 минута), Тау (25), Коизуми (60, автогол) и Малоул (90+8), додека погодоците за Урава ги постигнаа Канте (43) и Шолц (54).