Поврзаноста и блискоста со власта од јавна тајна, стана пишан услов за добивање на грант од институциите водени од СДС.
ФИТР објави скандалозен повик за доделување на грант, каде главен услов е апликантите да бидат признати и во добра состојба со соодветните власти на Република Македонија.
И по 24 часа наместо оставака од директорот на ФИТР, има молк од институцијата. А молчи и Ковачевски.
Наместо да се кријат и директорот на ФИТР и Ковачевски да кажат кој е тој документ со кој се докажува блискоста со власта? Дали тоа е партиска препорака добиена од ОО или пак партиска донација кон СДС или ДУИ?
Скандалозно и неприфатливо е што наместо одговорност има молк.
Бараме огласот веднаш да биде повлечен. И оставка од директорот на ФИТР, ваквата груба партизација мора да запре. Никогаш не било полошо. Важно е да ги поразиме!