Легендарниот уругвајски напаѓач Луис Суарез (36) потпиша синоќа договор со американскиот прволигаш Интер Мајами, со што повторно ќе игра заедно со Лионел Меси, Серхио Бускетс и Жорди Алба со кои шест години ја делеше соблекувалната на „Камо Ноу“, освојувајќи притоа со Барселона четири титули во Лигата на шампиони.

„Среќен сум и возбуден што ќе прифатам нов предизвик со Интер. Нестрпливо го чекам почетокот на новата сезона, подготвен сум напорно да работам за да го остварам сонот за освојување титула со овој голем клуб“, рече Суарез во изјава за клупскиот сајт, откако потпиша договор до крајот на 2024 година.

Уругвајскиот репрезентативец доаѓа во Мајами од бразилски Гремио, каде изминатата сезона постигна 26 голови и додаде 17 асистенции.

Во својата кариера која трае повеќе од две децении Суарез досега постигна повеќе од 500 голови на клупско и репрезентативно ниво.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/12/2023 10:56