Претседателот на најуспешниот марокански фудбалски клуб Видад Казабланка, Саид Нацири (45) е приведен во рамки на истрага за трговија со дрога, јавија синоќа локалните медиуми.
Првиот човек на Казабланка се соочува со повеќе обвиненија, вклучувајќи „фалсификување службени документи, поседување и дистрибуција на дрога, како и користење фалсификувани чекови“, потврди неговиот адвокат, кој побара да остане анонимен.
Нацири е член на владејачката Либерална партија за автентичност и развој, а беше опфатен со истрагата откако Малиецот Ел Хаџи Ахмед Бен Брахими, наркобос осуден за трговија со дрога во Мароко, го посочи претседателот на Казабланка за вмешаност во криминални активности.
Обвинети се вкупно 25 лица, од кои 21 се во притвор.
Новото рочиште пред истражен судија е закажано за 25 јануари.