Британскиот весник Гардијан објави денеска листа со 100 најдобри фудбалери во светот во 2023 година на чие чело се најде норвешкиот репрезентативец и напаѓач на европскиот и светски првак Манчестер сити, Ерлинг Халанд.
Зад него е англискиот репрезентативец Џад Белингем од Реал Мадрид и Французинот Килијан Мбапе од ПСЖ.
Во топ 5 изборот на Гардијан се и англискиот капитен Хари Кејн од Баерн Минхен и соиграчот на Халанд, Родри.
Добитникот на Златната топка, Лионел Меси е на 10 место, додека Кристијано Роналдо на 27 место.
Изборот на 100 најдобри светски фудбалери за годината која изминува Гардијан ја подготви врз основа на гласовите од жири-комисија во која биле вклучени 218 лица.