Ребека Велч денеска стана првата жена која судеше натпревар во престижната Премиер лига, појавувајќи се во улога на главен арбитер на дуелот меѓу Фулам и Барнли.

„Возбуден сум што ја гледам Ребека Велч како прва судијка во Премиер лигата“, изјави за британските медиуми првиот човек на судиската организација во англиското фудбалско првенство Хауард Веб.

Велч (40) во 2021 година стана првата жена која водеше натпревар во некоја од англиските професионални лиги, меѓу Порт Вејл и Харогејт во Дивизијата 2, а потоа беше и главна судијка во Чемпионшип лигата и во ФА Купот.

Со судење почна да се занимава во 2010 година, а се до 2019 беше јавна службеничка во Државната здравствена служба (НХС) кога максимално се посвети на судењето.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/12/2023 05:54