Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас успешно ги мина задолжителните медицински прегледи и потпиша денеска долгогодишен договор со германскиот прволигаш Лајпциг.

Трансферот на Елмас од Наполи во Лајпциг, според медиумите, изнесува 25 милиони евра, плус еден милион евра во бонуси.

Дваесетичетиригодишниот македонски репрезентативец се обврза на верност со Лајпциг до 2028 година.

Елмас се сели во германскиот прволигаш од редовите на Наполи каде дојде од Фенербахче во 2019 година за 16 милиони евра.

Елмас треба да им се приклучи на новите соиграчи во шпанска Ла Манга од 2 до 7 јануари.

Бундеслигата продолжува кон средината на идниот месец, а Лајпциг во првиот натпревар на 13 јануари е домаќин на Ајнтрахт Франкфурт.

Новиот клуб на Елмас во моментов е четвртопласиран во Бундеслигата со 33 бодови, девет помалку од лидерот Баер Леверкузен.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/12/2023 05:55