Тренерот на Интер, Симоне Инзаги ја коментираше победата над Лече (2:0) во натпреварот од 17. коло на италијанското првенство.

- Одигравме добро во првото полувреме и создадовме многу шанси. Лече напаѓаше рано во второто полувреме, но по вториот гол добро се справивме со играта. Важно беше да дојдеме до победата, иако немаше гаранции по мечот во среда. Многу сум задоволен, изјави Инзаги, за „Football Italia“.

Интер со 44 бода е лидер во Серија А. Миланезите немаат пораз во италијанското првенство од 27 септември - во 6. коло Интер го претрпе единствениот пораз сезонава, губејќи од Сасуоло (1:2).

Во следното коло, на 29 декември, Интер ќе и гостува на Џенова



Автор: Администратор
Објавено на: 25/12/2023 00:06