Тренерот на Рома. Жозе Мурињо го пофали својот тим за победата (2:0) над Наполи извојувана вчеравечер во Серија А.

Наполитанците мечот го завршија со деветмина, откако беа исклучени Матео Политано и Виктор Осимен.

- Натпреварот испадна исклучително тежок. Можеби не се согласувате, но по 5. минута почувствував дека ќе победиме. Рома одигра многу добро со силен интензитет. Не реализиравме две одлични шанси во првото полувреме и цело време ја контролиравме играта против многу повешт тим.

Ја искористивме ситуацијата - постигнавме гол кога противникот имаше 10 играчи. Добро сработеа и замените. Мислам дека победата е целосно заслужена, изјави Мурињо.

По 17.кола во Серија А, Рома се наоѓа на 6. место со 28 бода, додека Наполи е на 7. позиција со 27 бода.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/12/2023 00:31