Милан одлучи да не го отпушти тренерот Стефано Пиоли во овој момент.

Според „La Gazzetta dello Sport“, за ваква одлука одлучиле големиот број повици од играчи и функционери до раководството на клубот, кои во најголем дел го поддржувале Пиоли.

Најверојатно Пиоли ќе остане на чело на Милан до крајот на сезоната.

Како што е наведено, Антонио Конте, кој е невработен од март 2023 година по заминувањето од Тотенхем, би можел да биде поканет во клубот на лето. Се размислува и за тренерот на младинците Игнацио Абате.

Милан е на третото место на табелата во Серија А, со дури 11 бода заостанување зад лидерот Интер.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/12/2023 00:55