Италијанскиот одбранбен фудбалер Леонардо Бонучи е блиску до заминување од Унион, пишува „Get Italian Football News“.

Според италијанскиот спортски портал, Бонучи сака да се врати во Серија А. Разговорите меѓу спортскиот директор на Рома, Тијаго Пинто и агентот на играчот Алесандро Лучи се во напредна фаза. Иако сè уште нема договор, работите изгледаат прилично позитивни. Доколку дијалогот биде успешен, зделката ќе биде финализирана во јануарскиот преоден рок.

Сезонава дефанзивецот одигра девет натпревари на кои постигна еден гол.

Претходно беше објавено дека Рома го гледа Бонучи како евтина опција за засилување на одбраната, бидејќи најверојатно ќе му биде раскинат договорот од германскиот клуб.

Договорот на Бонучи со Унион Берлин е со важност до летото 2024 година



Автор: Администратор
Објавено на: 25/12/2023 01:02