Одбранбениот фудбалер на Севилја, Серхио Рамос ги сумираше впечатоците за постигнатото на тимот во 2023 година.
- Не сакавме вака да ја завршиме годината, но се боревме до крајот. Сега е време да се направи сметката. Фокусирани сме на континуирано работење и раст во 2024 година. Има работи што треба да се подобрат, а ние ќе го направиме тоа заедно, напиша фудбалерот на социјалните мрежи.
Во тековната сезона 37-годишниот дефанзивец одигра 15 натпревари за црвено-белите во сите натпреварувања, на кои постигна четири гола и една асистенција.
По 18 кола Севиља е на 15. место во поредокот во Ла Лига со 16 бодови.
Шпанскиот тим заврши на последното место во групата Б во Лигата на шампионите и испадна од европските натпреварувања.