- Чевларите од Куманово, денеска го слават Свети Спиридон, заштитник на занаетчиите. И годинава беше избран нов кум на празникот Ивица Додиќ кој заедно со стариот кум, Игор Кузмановски им посакаа успех, здравје на вработените од секторот.

- Оваа е убав ден за нас, прославуваме, но и можност да се дружиме, да размениме мислења, идеи, вели претседатлеката на здружението на чевлари, Лидија Милановска.

Последниве години секторот се справува со последиците од долгорочното влијание, првин на пандемијата, после на енергетската криза, што резултираше со намален број на вработени кои се иселуваат од државата, преминуваат во други сектори, како и поради затворањето на малите фирми.

Според податоците на сопствениците на погоните, во оваа индустрија во градот работат околу 15 до 20-тина мали и средни претпријатија. Најголем дел од нив произведуваат полуготов производ, додека дел од нив нудат готови производи за домашниот и странскиот пазар. Дел од нив се сместени во погоните на поранешната фабрика „Чик“ од каде излезе висококвалификуван кадар, кој знаењето за изработка на квалитетни и кожни чевли им го пренесува на помладите работници.

- Она што секогаш можеме да го понудиме е квалитетен производ кој конкурира на производите од западноевропските држави, изјави Среќко Стоилковски, сопственик на компанија.

Според, податоци на дел од сопствениците на чевларските претпријатија во Куманово во оваа индустрија ангажирани се над 500 работници. Бизнис заедницата од овој сектор постојано бара нов и квалификуван кадар за индустријата во која речиси секогаш има слободни работни места.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/12/2023 18:24