Во пресрет на новогодишните празници Струга украсена како во бајките, онака како што доликува на еден туристички град.
Светилки и Новогодишни реквизити блеснаа низ централното градско подрачје, Чаршијата, новото шеталиште и кејот на реката Црн Дрим. На Чаршискиот мост, традицинално е поставена Новогодишната елка.
За украсување на градот, како што соопшти Општина Струга, предвидени биле 1.200.000 денари, а украсувањето го спроведува Јавното комунално претпијатие. Општината не открива дали е предвидена предновогодишна забавана програма, ниту дали ќе има организиран дочек на најлудата ноќ.
Во градот веќе се чуствува еуфоријата, се организираат претпразнични забави. Хотелиерите најавија целосна исполнетост на туристичките капацитети, а забележително е присуството на туристи во градот, како и на печалбарите, кои празниицте ги минуваат во родното огниште.