Изминатиот викенд во државава преку Граничниот премин Табановце влегле над 34.000 македонски и над 12.000 странски државјани.
Според податоците на МВР, викендот пред католички Божиќ кога се враќаат нашинците во државава преку најфреквентниот граничен премин во периодот од 22 до 25 декември (до 15:00 часот), на ГП „Табановце“, во земјава влегле 34.107 македонски државјани, а излегле 7.909 македонски патници.
Во истиот период, соопшти МВР, влез оствариле 12.830 странски државјани, додека од државава излегле 9.336 странски државјани
Вчера до 15 часот, пак влез и излез оствариле вкупно 8.288 патници.