- Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов денеска им ги додели стипендиите на 15 ученици, а еднократна парична помош на тројца ученици. Соња Николова вработена во Секторот за образование во Општина Штип истакна дека на конкурсот беа пријавени 60 кадидати за стипендии и еднократна парична помош, а најголем дел од пријавените беа од областа на музичката уметност.
-Од пријавените 44 кандидати, 15 кандидати се од областа на природно математичките и техничките науки, двајца кандидати се од областа на општествените настани, еден кандидат од областа на спортот и 26 од областа на музичката уметност. Едногласно беше одлучено тројца кандидати да се стекнат со стипендија од прва категорија во износ од 3.000 денари, тројца по 2.500 денари и девет кандидати да добијат стипендии во износ од 2.000 денари, вели Николова.
Градоначалникот на Општина Штип, Јорданов посочи дека доделувањето на стипендиите и паричните награди преставува мал гест со кој се мотивираат учениците во иднина да бидат уште поуспешни. Тенденција е наредната година да се опфатат поголем број ученици кои постигнале значајни резултати во областа на образованието.
-Јас сум убеден дека во следната година ќе успееме заеднички да опфатиме уште поголем број на ученици, кои постигнале резултати во сферата на образованието, а со тоа придонесуваат директно во развојот на нашиот град, затоа што генерираат вистински вредности и затоа што се нашата иднина, вели Јорданов.