- Здружението на спортски риболовци „Бабуна“ од Велес во водите на езеро „Младост“ и река Вардар изврши порибување со 500 килограми риба, со подмладок на крап од кои на велешко Езерото „Младост“ со 300 и на Вардар со 200 килограми.

ЗСР „Бабуна“ изврши порибување со риба подмладок пастрмка и на река „Бабуна“ со 50 килограми и на река „Тополка“ со 30 килограми. За ова порибување од вкупно 580 килограми риба од кои поголемиот дел крап и помали количества пастрмка, тие од сопствени средства издоија 300 илјади денари, а рибата како и во изминатите години ја набавија од специјализираната фирма за подлмадок на риба „Акватика“ од Неготино.

Лазар Лазаревски од ЗСР„Бабуна“ за МИА информра дека тие како како концерионери на водите во овој воден ревир, со кои стопанисува ЗРС „Бабуна“ од Велес, се должни секоја година да порибуваат.

-Исполнета е обрврската која произлегува од Законот за рибарство и аквакултура според договорот со Министерство за земјоделство,шумарство и водостопанство за порибување, потенцира Лазаревски.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/12/2023 23:50