Децата од Гевгелија ќе го дочекаат Дедо Мраз задутре на Градскиот плоштад точно напладне, соопштија од Општината.

Настанот го организираат Пионерски дом „Јосип Броз Тито“ и Домот на култура „Македонија“, кои традиционално ја подготвуваат оваа културно-уметничка манифестација по повод Нова година.

Како што соопштија од локалната самоуправа, најмладите гевгеличани ќе ги забавуваат солистите и членовите на хорот на Детскиот музички фестивал „Калинка“, а ќе го проследат и новогодишниот концерт на Танцовото студио „Мистик“.

Програмата продолжува со детската претстава „Шарена приказна“ во изведба на Драмската секција за деца при Домот на култура „Македонија“ под менторство на Катица Џишева Дупарова во Народниот театар- Гевгелија



Автор: Администратор
Објавено на: 26/12/2023 23:52