Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешната средба со новинарите информираше дека нивната пратеничка група за време на дебатата за Предлог- Буџетот во Собранието ќе предложи медиумските работници да бидат ослободени од социјалното и здравственото осигурување, со изземање на МРТВ и МИА, бидејќи добиваат пари од државниот Буџет.
Мицкоски кажа дека станува збор за сума од 10 милиони евра на годишно ниво.
Доколку ова не биде прифатено од страна на Владата, според него, најголема е веројатноста ако ВМРО ДПМНЕ формира влада, при првиот ребаланс во јули да предвидат ослободување на медиумските работници од овие давачки. Мицкоски вели дека ова ќе им овозможи на сопствениците на медиумите да ги зголемат платите на медиумските работници.
Лидерот на ВМРО - ДПМНЕ рече дека сите закони што сега се одбиваат од мнозинството ќе бидат повторно поднесени доколку тие добијат мнозинство во Парламентот на изборите.