Давањето пари на децата на улица претставува поддржување на нивната експлоатација. Ова е една од клучните препораки која произлегла од панел – дискусијата организирана од „Отворена порта – Ла страда“ во рамки на проектот „Заштити ги децата на улица“, која е дел од програмата „Зајакнување на владеењето на правото и човековите права во Северна Македонија III“, поддржан од Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

„Отворена порта-Ла Страда“ соопшти дека проектот имал за цел да ја подигне јавната свест и разбирање за трговијата со луѓе, фокусирајќи се на трудовата експлоатација и принудното питачење, меѓу пошироката јавност, вклучително и децата од маргинилизираните заедници. Една од целите на овој проект е зајакнување на институциите за навремен да ги идентификуваат, упатат и поддржат жртвите на трговија со луѓе и децата на улица.

На панел дискусијата учествувале претставниците на институциите, на Министерството за труд и социјална политика, Министерството за внатрешни работи, Националниот механизам за упатување на жртви, мобилните тимови за идентификација на жртви, невладини и меѓународните организации и други.

-Учениците во дискусијата сметаат дека се потребни кампањи за подигање на јавната свест за овој проблем, како и дека трговијата со деца особено за принудно питачење на деца, е повеќеслоен проблем и бара соработка помеѓу институциите и организациите со цел превенирање и сузбивање на трговија и експлоатација на деца. Се нагласи сериозната потреба од зголемување на бројот на згрижувачки семејства за заштита на деца под ризик и реинтеграција на деца жртви на трговија со луѓе, потенцираат од „Отворена порта-Ла Страда“.

Тие заклучиле дека се потребни и обуки за правосудните органи за да ги препознаат односно разграничат кривичните дела запуштање и малтретирање на малолетно лице (член 201, став 1 и 2) и трговија со дете (член 418-г од Кривичниот законик).

Нагласуваат дека клучна е и потребата од зајакнување на соработката меѓу органите за спроведување на законот, општите даватели на социјални услуги и службите за борба против трговијата со луѓе за да се подобрат мерките за спречување на трговијата со луѓе, како и вклучување на професионалци од маргинализирани групи во овие услуги и соработка со граѓански организации.

Потребно е и обезбедување еднаков пристап до општите социјални услуги како образование, здравствена заштита, услуги за вработување и социјална поддршка на припадниците на маргинализираните групи вклучително и преку употреба на афирмативни мерки за намалување на ранливоста на трговија со луѓе.

Во рамки на проектот „Заштити ги децата на улица“ во соработка со партнерски организации, „Отворена порта-Ла Страда“ спровела осум работилници во кои биле вклучени повеќе од 130 родители и млади кои биле запознати со феноменот трговија со луѓе, како да препознаат потенцијална опасност и да се заштитат себе си и останатите околу нив.

Одржани биле 36 сесии за психолошка поддршка на потенцијални жртви и жртви на трговија со луѓе за да има се помогне за надминување на траумите и реинтеграција.

Тие очекуваат со оваа иницијатива да се зголеми мултисекторскиот пристап и соработката меѓу организациите како и да се започне отворен дијалог за практични решенија за спречување на различни видови на трговија со луѓе, особено принудното питачење.Инаку бројот на оваа СОС линијаза помош на овие деца жртва е -0800 11111.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/12/2023 13:21