Ја разбираме нервозата во СДС.
Впрочем тие прават лажливи пресови и растураат пердуви затоа што се исплашени од јавното говорење и објавување на афери од страна на Николоски против бандата СДС-ДУИ.
Освен што се клептомани, СДС се и некрофили и лажговци. Клептомани се затоа што крадат и кога спијат. Некрофили се затоа што злоупотребуваат смрт и несреќен случај. А лажговци се затоа што Николоски ниту е партнер ниту има било каков сопственички удел во споменатата компанија.
Низ овој случај каде се води јасна хајка се потврди спрегата Стевчо Јакимовски-СДС. Денес впрочем СДС ги читаше статусите на Јакимовски на прес конференција. Бидејќи станува неподносливо лажењето на СДС доколку не се извинат за изнесените клевети и навреди кон Николоски ќе биде поднесена тужба за клевета.
Тоа нема да го поколеба ниту ВМРО-ДПМНЕ ниту Николоски да останеме најревносните борци против криминалот на СДС и ДУИ