Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски денес беше во посета на Клиниката за детски болести во Скопје каде што ги пости 86те хоспитализирани деца и им додели новогодишни пакетчиња.

За посетата, градоначалникот Стефковски информираше на својата официјална страна на фејсбук на која напиша:

Здравиот човек има многу желби, а болниот само една - да оздраве!

Да оздрават - им посакав на 86те дечиња кои се хоспитализирани на лекување во Клиниката за детски болести во Скопје кои денес ги посетив и им доделив новогодишни пакетчиња.

Новогодишните празници носат посебна магија која на сите нас ни дава посебна среќа, радост и задоволство. Но таа радост е уште поголема кога ќе видите насмеани лица на дечињата кои се наоѓаат на лекување.

Празниците се одлична можност уште еднаш да ја покажеме нашата општествена одговорност и хуманост кон сите оние на кои им потребна помош, поддршка и внимание.

На сите деца им посакувам пред се добро здравје, неизмерна среќа, благосостојба во домовите и денови исполнети со насмевка на лицата! – напиша Стефковски.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/12/2023 20:26