- Општина Илинден набави и подели 50 смарт таблети, на учениците од трите основни училишта на територија на општина Илинден, по повод новогодишните и божиќните празници. Смарт уредите се наменети за ученици од прво до осмо одделение, како и за ученици од социјално ранливи семејства, а со цел успешно следење на наставата по новиот концепт и програма, информираат од кабинетот на градоначалникот на Општина Илинден.
Градоначалникот Алекандар Георгиевски кој ги посети учениците од овие училишта и им ги врачи смарт таблетите потенцира дека главната цел за нивна набавка и доделување на учениците е обезбедување на квалитетна настава и креирање на можности за унапредување на воспитно-образовниот процес.
- Со овие таблети воедно ќе им се помогне на децата од социјално загрозените семејства, а ќе се зголеми и квалитетот на образовниот процес на учениците.Нашата локалната самоуправа цели кон модерно и современо образование за сите млади,потенцира Георгиевски.
Воедно на сите ученици во Општина Илинден во новата 2024 година им посака многу успеси во образованието и многу здравје и радости.