Визијата за успешност низ конкретни активности со над 60 проекти подготвени за реализација продолжува да биде нашата движечка сила и во новите 365 дена, истакна градоначалникот на Битола Тони Коњановски во своето новогодишно обраќање до битолчани.
За време на празничните денови, секогаш посакуваме годината што доаѓа да ни биде поубава од претходната, рече Коњановски.
-Како локална самоуправа, во континуитет изминатите две години, дадовме се од себе, низ разумност, конструктивност и соработка со сите граѓани, да најдеме решение на проблемите на политичката сцена, за да можеме да направиме нешто повеќе за градот во кој живееме и каде што сакаме да останат да живеат нашите деца и генерациите кои доаѓаат, посочи Коњановски.
Општина Битола претпладнево продолжи со реализација на новогодишната програма што се одржува пред платото на Офицерски дом која ќе заврши на полноќ со настап на битолскиот дувачки оркестар, и како што нагласија без огномет.