Општина Кавадарци организираше новогодишна прослава, дел од кавадарчани синоќа ја дочекаа Новата година на градскиот плоштад, со музика и огномет.
Дегустација на греано вино, трка на дедомразовци, натпревар за најбрзо накитена елка, се само дел од настаните што беа дел од предновогодишната програма на кавадаречката локална самоуправа.
- Имавме божиќен пазар, дегустација на топол чај и божиќни колачиња, новогодишна работилница, хуманитарна продажба на новогодишни дела, забава со спектакуларни маскоти, фотографирање со Дедо Мраз, настап на исполнители од музичкото детско фестивалче ,,Гроздоберче" и новогодишна бајка, потсетија од Општината.