Мирна Новогодишна ноќ во Струга и струшко, со само едно нарушување на јавниот ред и мир. Брзата помош со вообичаени интервенции.

Полицијата, како што информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, регистрирала само едно нарушување на јавниот ред и мир на улицата „Боро Дуни“ во Струга.

- Во 4 часот и 30 минути на улицата „Боро Дуни“ регистрирана е тепачка меѓу две лица, едниот од Струга, а другиот од струшкото село Боровец. Најпрво настанала вербална расправија, а потоа и физичка пресметка. Против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава, изјави Димоски.

Струшката Брза помош новогодишната ноќ ја поминала со редовни интервенции и мало згоемување во однос на претходните вечери. За МИА информираат дека се евидентирани над 20 интервнеции, повеќето со висока температура и висок притисок, а интервенирале и на една тепачка.

Организиран дочек на Градскиот плоштад и годинава немаше, но стружани највеселата ноќ ја поминаа во кафулињата и рестораните, како и во домашна атмосфера.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/01/2024 01:46