Почитувани никогаш не било полошо!
Според СДС и Оливер Спасовски 2023 година е успешна, успешна но само за криминалот.
На прво место, убиства - двојното убиство во Скопје и Велес, што најмногу ја потресоа Македонија, па спектакуларни бегства од затвори, пукање во трговски центри - на два пати повторено, брутална ликвидација во локал под скопско Кале... Ништо од ова не е до крај расчистено.
Годината мина без завршница со криминалниот случај Беса Транс, без вистинска завршница за пожарот во модуларната во Тетово, без завршница за случајот родилка на која и се извадени органи.
2023-та е година во која градоначалникот на Струга е ставен на американската црна листа но тој нема никаккви политичко-правни последици.
Ова е годината во која судијката којашто судеше за пасоши за Мафијаши, јавно порача дека предметот не ја опфатил главата на криминалот.
Во 2023-та ЈО за организиран криминал, Ислам Абази, нема случај за коруптивни скандали за семејството на Али Ахмети и Артан Груби и ја прекина соработката со ДКСК, затоа што била спомната партијата ДУИ!
Нема предмет за скандалот БРОИЛО, нема предмет за Соравија, нема предмет за ништо.
Нема истрага за случајот Лотарија, ниту за поврзаноста на главните актери со министерот Артан Груби.
Јавното обвинителство на сега веќе заминатиот Јовески спроведе истрага за влијанието на Мерко, според наводите на американскиот Стејт департмент, ама во судовите не откри баш ништо!
Ова е година во која повторно најмногу профитираа спонзорите на ДУИ од јавни тендери, ама секако нема предмет.
И секако, 2023-тата ќе заврши без истрага за Онкологија - за организирано злосторничко здружување со смртни последици, со огромно оштетување на буџетот и криминално коруптивни неказнети врски!
Годината завршува со нереално огромен буџет со криминално коруптивни мерки само и само во изборни цели, за злоупотреби!
Почитувани никогаш не било полошо. Криминалот владее, а Оливер Спасовски, Димитар Ковачевски и Артан Груби се уште се уште се на власт!
Никогаш не било полошо. Важно е да ги поразиме!