Нов паркинг простор ќе добијат жителите во штипската населба Осми Ноември. Просторот кој некогаш се користел за место за спорт и рекреација, по барање на жителите ќе биде пренаменет и ќе се користи како паркинг. Градоначалникот на Општина Штип Иван Јорданов, при увидот во градежните активности рече дека населбата Осми Ноември веќе доби ново спортско и детско игралиште и затоа овој простор ќе биде преуредена како паркинг простор.
- Веќе извесен период се работи во населбата Осми Ноември, на улицата „Енегелсова“ и булеварот ЈНА. На барање на жителите се наоѓаме на простор кој порано се користел како место за спорт и рекреација. Со оглед на тоа дека во оваа населба веќе се направи спортско и детско игралиште, овој простор ќе биде паркинг простор, изјави Јорданов.
Во наредните денови екипи на ЈП „Стипион“-Штип ќе работат на уредување на просторот како и на осветлувањето. Јорданов рече дека и во меѓувреме се работи на уредување на влезовите пред станбените згради во оваа населба.
- ЈП „Стипион“ во наредниот период ќе работи на подготвителни активности за тампонирање и бетонирање, целосно осветлување. Освен ова се уредуваат и влезовите на станбените згради, рече Јорданов.
Тој додаде дека во тек се градежни активности во повеќе населени места во Штип.