На одделение за Гинекологија и Акушество при ЈЗУ Општа болница во Велес во 2023 година се родиле вкупно 294 бебиња од кои 138 се женски, а 156 машки. Споредено со претходната 2022, кога се родиле вкупно 383 бебиња, лани биле помалку за 89, со што трендот на опаѓање на наталитетот за жал продолжува, што е посебно изразено во последниве десетина години, информирара за МИА д-р Ѓорѓи Николов специјалист гинеколог, началник на оваа одделениe. Тој смета дека четири фактори придонеле за намалување на вкупниот број на раѓање во оваа одделение на велешката Општа болница.

-Главниот е миграцијата, но не не треба да се занемарат и споредните причини како што се помалку склопени бракови, потоа околу 80 породувања кои се извршени на скопска Клиника за гинекологија и акушерство или во останати приватни болници во Скопје и на територијата на државата. Младите мајки користат приватни осигурувања кои им овозможуваат породување во приватни болници. Се ова влијае на намалувањето на бројот на породувања во велешката болница.Тоа за жал не е случај само во велешката болница и во останатите јавни здравствени установи во градовите во внатрешноста на земјава, потенцира д-р Николов.

За споредба во 2021 година на оваа одделение при велешката Општа болница се родиле 396 што споредени со 2020 кога биле 380 е помалку за 16 бебиња. Во 2019 година биле 473, а 2018-биле 505, во 2017 биле родени 649 а во 2016 година 651 бебе. Ако може воопшто и да се спореди на оваа одделение при велешката ЈЗУ Општа болница пред 30 тина години се раѓале во просек околу 1500 новороденчиња годишно.

Инаку веќе трети ден од јануари на оваа одделение се уште се нема родено првото бебе во Новата 2024. Во последната недела од старата 2023 година се родиле осум бебиња, а заклучно со 30 декември



Автор: Администратор
Објавено на: 04/01/2024 02:06