Досега во Прилеп има 59 пријави на сезонски грип и ситуацијата во градот е со вообичаена сезонска активност на грипот и вирусните заболувања, информираат од Центарот за јавно здравје во Прилеп.
Иако во инфективното одделение при Прилепската општа болница има пет хоспитализации, нема компликации од сезонскиот грип, а и од ковид-заболените.
- Оваа сезона имаме преклопување на сезонскиот грип, Ковидот и другите респираторни заболувања. До овој момент, во Прилеп имаме 59 пријави, од почетокот на сезоната, за грип и заболувања слични на грип и дури 39 од тие пријави се во возрасна група од 4 до 64 години. Што се однесува до Ковидот, сѐ уште е присутен. Моментално, во Инфективното одделение при Прилепската болница имаме пет хоспитализации, од кои четворица се од Ковид, еден е лежечки пациент. Тројца пациенти се во дневната болница, вели Драгица Николоска, директорка на Центарот за јавно здравје во Прилеп.
Во моментов, Прилеп е во вообичаена сезонска активност на овие респираторни вируси. Се уште може да се каже дека имаа ниска активност на сезонскиот грип.
- Сега сѐ уште е ниска активноста на респираторните вируси. Но, во периодот што следува, очекуваме золемување на бројот на заболувања. Во текот на вчерашниот ден имавме поголем број пациенти кои се јавиле за преглед во дневната амбуланта при Инфективното одделение. Главно, заболените се со лесна клиничка слика и нема компликации, вели Николоска.
Во Прилеп годинава беше зголемен интересот за вакцинација против сезонскиот грип. Инаку годинава имаше и повеќе дози за вакцинација против сезонскиот грип.
Во наредниот период се очекува поголема активност на сезонскиот грип.