Лицемерието на СДС е тоа што се фали за покачување од 1000 денари за работниците, а молчи за покачувањето на платите на функционерите од 400 евра, кое е дополнување на покачувањето кое се случи претходно од 78%.
Зошто за СДС животните потреби на народот се помалку вредни од тие на функционерите?
Кога сме кај платите, денес Кузеска требаше да одговори кај се заглави работната група на Ковачевски за нивелирање на платите?
Воедно кога сме кај економијата, за 7 години власт на СДС Македонија заостана зад сите држави во регионот, сите земји кои беа зад нас сега се пред нас. Во период од 2017 до 2023 година растот на БДП по глава на жител во Македонија е само 20%, додека кај сите други држави од регионот е 50%, а некаде и над тоа.
Имено додека во Македонија економијата пораснала за 20%, во БИХ таа се зголемила за 42%. Додека Македонија има раст од само 20%, во Србија растот е 50%. А за истиот период во Бугарија по глава на жител БДП се зголемил за 64%. Повеќе од двојно поголем раст од Македонија има и Албанија, каде по глава на жител во периодот од 2017 до 2022 година БДП пораснал за 52%.
Во 2017 Македонија имаше поголем БДП по глава на жител и од Албанија и од БИХ, сега и двете земји кои беа зад нас не поминаа, а Србија, Бугарија и Црна Гора се уште повеќе пред нас.
Власта лажеше дека инфлацијата е увезена, а сведоци сме дека имаме 50% поголема инфлација од еврозоната, каде се наоѓаат нашите најголеми трговски партнери.
Никогаш не било полошо. Важно е да ги поразиме!