Општина Велес од утре 5 јануари ќе воведе еднонасочен сообраќај на дел од улицата „Архиепископ Михаил“ позади поранешен Хотел „Интернационал“ во центарот на Велес и дел од улицата „Љубев Весов“, согласно на законската регулатива и потребата за уредување на сообраќајот и на безбедноста во сообраќајот. Како што информираат од Општина Велес воведувањето на еднонасочен сообраќај произлегува од потребата за унапредување на севкупното ниво на услуги на постојните улици.

Покрај улиците во кои се воведува еднонасочен сообраќај се третираат и делови од улиците кои се крстосуваат со нив, односно делови од улиците „Коле Неделковски“ и „8-ми Септември“, како и улица „Браќа Поп Јорданови“ која претставува конекција помеѓу улиците „Архиепископ Михаил“ и „Љубен Весов“.

Како што појаснуваат од Општина Велес, основна цел со реализацијата на овој проект е унапредување на континуираното управување со еднонасочните сообраќајници во градот, замена и подобрување на истрошената, недоволна и застарена сигнализација. Како и подигнување на стандардите за непречен пристап кон постојните и/или планирани и идни објекти, а со почитување на потребите за мобилност и со следење на затекнатата состојба и природните ограничувања.

Воедно ги замолуваат граѓаните да се држат до поставената сообраќајна сигнализација за безбедно одвивање на сообраќајот.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/01/2024 23:11