Празникот Свети Наум Охридски Чудотворец беше прославен во истоимениот манастирски комплекс на Попова Шапка.

Тројца свештеници од тетовско-гостиварската епархија отслужија празнична литургија, по што беа благословени и прережани кумските лебови на тројцата кумови кои ја организираа прославата.

Тројцата кумови ги поделија парчињата од славските колачи по што се дознаа тројцата нови кумови, а уште двајца се пријавија да бидат организатори на прослава за наредната година.

- Јас бев една од кумовите, во 2023 ми се падна паричето во славскиот колач, а годинава среќа имаше мојата внука Марија Деановска која живее во Кичево, изјави Катица Бојковска.

Во житието на Свети Наум Охридски Чудотворец се вели дека се откажал од благородството и богатството, им се придружи на рамноапостолните браќа Константин Филозоф и Методиј. Околу 863 година заминал со нив во земјите на Централна Европа по селата на новоформираното Кралство на Моравија – на територијата на среден Дунав, меѓу Чешка, Баварија и Словачка.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/01/2024 20:30