Неколку стотини деца учествуваа на годинешната бадникова поворка низ улиците на Охрид, ден пред големиот христијански празник Божик.

Тие со бадникови гранчиња во рацете и со песна ја донесоа веселата вест за Христовото раѓање.

Поворката тргна во 10:30 часот од црквата „Св. Георги“ во Горна Влашка маала и преку улицата „Јане Сандански“, булеварот „Туристичка“ и низ охридската чаршија во 11:30 часот пристигнаа на Градскиот плоштад „Св. Климент Охридски“ каде пред бадниковата пештера ги пречека пречека градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, кој ги даруваше со подароци.

Ние како локална самоуправа заедно со организаторите на манифестацијата обезбедивме пригодни пакетчиња за сите коледарчиња. Вакви традиционални работи кои го подигнуваат духот на народот сметам дека е добро да се одржуваат и да останат традиција долги, долги години затоа што самтоа не одржало низ вековите, рече Пецаков.

Бадниковата поворка во Охрид се одржува по 11 пат, во оргнизација на Здружението за грижа и воспитување деца од Охрид, со поддршка на локалната самоуправа.

- Благодарение на заложбите на нашиот епископ, г-дин Партениј, успеавме да створиме една традиција на бадниковите поворки кои не само во Охрид се прошири низ сите градови на Македонија. Благодарение на децата учесници оваа година добивме и награда за трајни вредности од Агенцијата за верски заедници. Децата нека ни бидат пример за сплотеност, љубов и за соживот, рече Летка Филиповска од организацискиот одбор на бадиковата поворка.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/01/2024 01:28