Уште еден бенчмарк исполнет од европскиот фронт СДС-ДУИ, тепачите од М-НАВ пуштени без притвор, директорот од ДУИ од УЈП го пуштија да избега од затвор.

Скандалозно е што тепачите на ДУИ по извршениот упад во М-НАВ и делењето на шамари и клоци Судот ги пушти без притвор, само со мерки за претпазливост. Во тие мерки не се наведува дека им е забрането да одат повторно во институцијата каде извршија кривично дело што значи дека тепачите на ДУИ потмогнати од СДС можат во секое време да го повторат делото.

Во исто време функционер на ДУИ го пуштија да избега од домашен притвор. Ова е уште едно големо остварување на европската коалиција СДС-ДУИ.

Секој ден се покажува неказнивоста на криминалот на СДС и ДУИ.

Затоа во Македонија никогаш не се живеело полошо. И затоа е важно да ги поразиме!



Автор: Администратор
Објавено на: 07/01/2024 02:04