Во Берово одржана Божиќна литија на која голем број дечиња по беровските улици ја пееја „Вечниот Бог“ најавувајќи го Христовото раѓање Божик. Организатор на настанот беше свештенството при црквата „Рождество на Пресвета Богородица“ кои за учесниците обезбедија пригодни божиќни подароци.
-Благодарност на сите учесници на „Бадниковата поворка 2024“, која со радост и песна го најави Христовово раѓање, истакнаа од беровското свештенство .
Настанот го проследи и градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски кој упати честирка до граѓаните на Берово по повод Божик.
-Беше огромна чест и задоволство да се биде во огромниот број дечиња, да се пее, да се радуваме и да се слави Христовото раѓање. Бидете живи и здрави! Среќен Бадников ден! На сите Ви посакувам среќни и весели Божиќни празници!, рече Пекевски.
За утре во црквата „Рождество на Пресвета Богородица“ во Берово е најавена црковна литургија по повод Христовото раѓање - Божик.