Почетокот на новата година го оценувам како скандалозен, нема ден без скандали. Секој ден имате нов скандал кој кулминираше со она дивеење, на онаа бандитска криминална група која упадна во просториите на М-НАВ, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, денеска одговарајќи на новинарско прашање пред Соборниот храм во Скопје.

Мицкоски истакна дека партиското и октроирано обвинителство и судство овој случај го поминаа како небаре да станува збор за некој кој позајмил десетина ќебапчиња од ќебапчилница.

- Жалосно и трагично е, и затоа се потребни промени, да не ни се случуваат вакви бандити, односно ако ни се случат веднаш да бидат санкционирани и казнети, рече Мицкоски.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/01/2024 21:29