Нема повеќе испади во електро-дистрибутивниот систем од вообичаено поради ниските надворешни температури, информираат од ЕВН Македонија за МИА.

-ЕВН Македонија ги планира капацитетите на снабдување согласно потребите на потрошувачка на корисниците. Покрај сезонските прилагодувања на мрежата, Електродистрибуција секојдневно спроведува и инвестициски зафати за модернизирање и реконструкција на мрежата, односно одржување и надградување на истата, со цел на корисниците да им овозможи непречено и стабилно снабдување со електрична енергија во било кое годишно време, велат од ЕВН.

Во случај на надворешни оштетувања на мрежата поради што би настанал прекин во снабдувањето, додаваат, екипите на Електродистрибуција веднаш излегуваат на терен и ги санираат



Автор: Администратор
Објавено на: 10/01/2024 17:10