Извешатајот за трагедијата во која почина 45 годишен работник, а неговиот колега се бори за живот, која се случи на 8 јануари во свињарската фарма во светниколксото село Амзабегово ќе биде објавен и презентиран на јавноста во текот на утрешниот ден, најави за МИА, директорката на Државниот инспекторат за труд (ДИТ), Весна Томовска.

МИА претходно информираше дека инспекторите на ДИТ, но и на други институции по несреќата извршија увид во фармата. Во текот на вчерашниот ден Томовска за МИА рече дека при инспекцискиот надзор починатиот работник немал респираторна заштита.

-Државниот инспекторат за труд веднаш по добивањето на пријавата излезе на увид на лице место и од самиот увид утврди дека е случена несреќа при работа, со фатална последица за еден од работниците, а другиот работник е со потешки повреди и истиот е транспортиран на Клиниката за токсикологија во Скопје. Со оглед на тоа што во моментов на надзорот од страна на работодавачот не е презентирана потребната документација врз основа на која би се утврдила целата целокупната фактичка состојба од страна на инспекторите е задолжено работодавачот во текот на денешниот ден да ја презентира на увид потребната документација, изјави вчера за МИА Томовска.

Според првичните информации несреќата се случила кога починатиот работник ја отворил решетката која ги поврзува халата со дупката. Тој се симнал во дупката, за да го провери шиберот, кој го повлекува течното ѓубриво од халата, кон дупката. На лице место починал, а неговио 53 годишен колега кој притрчал да му помогне е извлечен и е хоспитализиран на Клиниката за токсикологија во Скопје



Автор: Администратор
Објавено на: 10/01/2024 17:54