Откако холандскиот амбасадор денес упати нова „шлаканица“ кон владеачката ДУИ и нивниот лидер Али Ахмети заради криминалот и корупцијата во Македонија но и заради еклатантното мешање на оваа партија во судството во Република Македонија, со свој коментар излезе и потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

- Македонија НЕ ги почнува преговорите со ЕУ, не заради проблемот со Бугарија, туку заради НЕМАЊЕ функционален систем на ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО!

Да го реши Македонија проблемот со корупцијата и да воведе функционален систем на владеење на правото, проблемот со Бугарија ќе се реши за едно претпладне или попладне.

Ова го ЗБОРУВАМ со години од 2018 година навака!

Конечно и јавно е потврдено од МОЌНИ ЗЕМЈИ ЧЛЕНКИ НА ЕУ.

Решението е силна борба со КОРУПЦИЈАТА и воспоставување на ФУНКЦИОНАЛЕН СИСТЕМ НА ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО, вели Николоски.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/01/2024 19:17