До недела времето ќе се задржи стабилно, суво и студено со ниски утрински температури. Утре ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец повремено со брзина од над 60 км/час, а во сабота ветерот повремено ќе засилува, соопшти УХМР.
Во понеделник и вторник ќе има зголемена облачноста проследена со повремени врнежи од дожд, а на некои повисоки места од повремен снег.
Минималната температура ќе се спушти до -11, а максималната дневна ќе достигне осум степени.