Големо е моето задоволство што сме денес тука, во населба 11 Октомври Згради, на отпочнувањето на изградба на сосема нов објект, детска градинка „Верверичка“ која за 6 месеци, колку што ќе траат градежните активности, ќе може да прими над 110 наши дечиња. Ова, значи нова инвестиција во раниот детски развој, кој е клучен во формирањето на личноста на секој човек и нов стимулативен простор за најмладите каде ќе растат, учат и ќе се развиваат. Во новата градинка најмногу место ќе има за најмалите дечиња кои чекаат да бидат запишани во јасли, што за мене како градоначалник е убава вест, бидејќи е сигурен знак дека нашата општина постојано расте. Децата се нашиот највреден ресурс и инвестирањето во нив е најзначајниот влог што можеме ние како локална самоуправа да го направиме. Убаво е да се има сојузници во оваа значајна мисија, и затоа сакам да се заблагодарам во името на Општина Кисела Вода на Комерцијална Банка АД Скопје, со која заеднички, преку финансиско партнерство ќе го градиме овој нов објект. Имено, за реализација на овој објект, Општина Кисела Вода обезбеди 8 милиони денари, а Комерцијална Банка учествува со значајни за нас 6 милиони денари.
Заедничката посветеност кон заедницата и разбирањето за важноста на детското образование и развој, се заеднички благородни цели со кои се обликуваме, а се обликуваат и темелите на иднината на целото нашето општество.
Би сакал да истакнам дека ние, како општина сме исклучително посветени во оваа област, за што говорат сите преземени активности во изминативе две години. Веднаш до нас се наоѓа објектот „Кокиче“, чиј капацитет неодамна беше проширен за околу 90 дечиња. Отворивме две нови детски градинки, во Усје и во Драчево. Во моментов се одвива проект за проширување и реконструкција на дел од градинката „Пеперутка 1“ во Драчево, каде 50-тина години не беа извршени речиси никакви реконструктивни зафати. Обезбедени се и финансиски средства и за отприлика месец дена од денес ќе биде распишана и тендерска постапка за нова градинка во населба Расадник со што листата кога ја преземав општината од над 400 дечиња за чекање веќе ја сведуваме на нула, со изградбата на овој објект а дополнителен квалитет во предшколската возраст ќе значи и новата градинка која ја најавив а за месец дека отприлика ќе распишеме тендерска постапка истата ќе биде во непосредна близина а тоа е населбата Расадник. И понатаму ќе продолжиме во инвестиции во предшколската возраст. Како што споменавме децата биле и ќе останат наш приоритет во начинот на делување.